Повик за избор на „Библиотека на годината 2024“
Повик за избор на „Библиотека на годината 2024“
Се распишува јавен повик за избор на „Библиотека на годината“. Молбите со пропратната документација се доставуваат до Комисијата за доделување на наградата „Библиотека на годината“ (Бул. „Гоце Делчев“ бр.6, 1000 Скопје), најдоцна до 15. 11. 2022 година и на мејл адресата на Здружението bzmnunub@gmail.com
Критериуми за вреднување / проценување на совршеноста за доделување на признанието „Библиотека на годината 2024“
- Квалитет и инвентивност во работењето и активностите на библиотеката
- Насоченост кон иднината – истражување и примена на нови методи на популаризација на библиотеката и библиотечниот материјал и нивно доближување до целата популација во општината во која делува и пошироко
- Креативност и обезбедување пристап и услуги за корисниците од заедницата во која библиотеката работи: сите возрасти, лица со посебни потреби
- Достапност на e-книги и е-услуги
- Степен на воведување на нови услуги за корисниците и библиотечното работење
- Примена програми за обука на корисниците, информациската писменост и користењето на нови ИКТ во библиотеките
- Образовна работа, културни и јавни активности на библиотеката
- Препознатлива подршка на локалната заедница кон Библиотеката
- Партнерство со субјекти од бизнис заедницата
- Соработка и вмрежување со други библиотеки (на јавни, високошколски, специјални, училишни библиотеки)
- Примена стандарди и ИКТ во библиотечното работење
- Учество во проекти (национални и меѓународни)
Доколку на Повикот се јават различни видови на библиотеки Комисијата ќе се води според следниве критериуми:
Високошколски библиотеки
- Вреднување на фондот (обем и пристапност и користење)
- Отвореност кон корисниците (работно време, компетентност на библиотекарот ,менторство во изработка на стручен труд)
- Техничка опременост
- Посетеност на библиотека
- Програми кои допринесуваат за развој на Универзитетот
- Препознатливост во средината
- Стручна оспособеност на библиотекарот и постојана надградба во професионално усовршување (звање, лиценци, учество на Конференции, семинари, стручни трудови од областа на библиотечното работење)
- Соработка со други Универзитетски библиотеки
- Реализација и учество во нови и иновативни проекти и програми
- Изданија во тековната година
- Преуредување на библиотечниот простор во функција на квалитетно работење
- Евалуација на библиотечно работење (издадено од надлежно тело за евалуација – НУБ, Универзитет)
Училишни библиотеки
- Зголемување на обемот на библиотечната граѓа во тековната година и обработка на фондот
- Можности за отворен пристап
- Дигитална граѓа и достапност на едукативен материјал за настава
- Уредување на просторот (внатрешен)
- Посетеност на библиотека (ученици, професори, други лица)
- Соработка со наставен кадар
- Соработка со други институции
- Нови и иновативни библиотечни програми и проекти
- Професионално усовршување на библиотекарот (звање, лиценци, учество во Конференции, објавени стручни трудови)
Јавни библиотеки
- Зголемување на обемот на библиотечната граѓа во тековната година и можности за отворен пристап
- Дигитална граѓа (е-пристап, е-книги)
- Популаризација на библиотечното работење преку медиуми и социјални мрежи
- Иновативни програми за сите возрасти, особено со лица со попреченост
- Воведување на нови услуги
- Образовни програми, културни и јавни активности на библиотеката во тековната година
- Користење на ИКТ програми во библиотеката
- Соработка со други библиотеки од државата и пошироко
- Соработка со институции од градот и пошироко
- Меѓународна активност
- Стручна оспособеност на библиотекарот и постојана надградба во професионално усовршување (звање, лиценци, учество на Конференции, семинари, стручни трудови од областа на библиотечното работење)
- Уредување на просторот на Библиотеката (надворешен и внатрешен)
- Библиотека како издавач
Специјализирани библиотеки
- Зголемување на обемот на библиотечната граѓа во тековната година и можности за отворен пристап
- Набавка на стручната литература
- Дигитална граѓа (е-пристап, е-книги)
- Иновативни програми за сите возрасти, особено со лица со попреченост
- Воведување на нови услуги
- Користење на ИКТ програми во библиотеката
- Соработка со други библиотеки од државата и пошироко
- Соработка со институции од градот и пошироко
- Иновативни библиотечни програми зависно од профилот на корисниците (болница, банка, казнено поправни домови,итн.)
- Меѓународна активност
- Стручна оспособеност на библиотекарот и постојана надградба во професионално усовршување (звање, лиценци,учество на Конференции, семинари, стручни трудови од областа на библиотечното работење
- Уредување на просторот на Библиотеката (надворешен и внатрешен)
- Библиотека како издавач