Резултати од 18. Републички натпревар „Млади библиотекари” Струга 2017

На 18. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа на 03. 11. 2017 во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга кој воедно беше и домаќин на овој натпревар се натпреваруваа 20 учесници од основните училишта на Република Македонија.

Петчлената комисија беше во состав: Мариче Боздоганова – виш библиотекар (претседател), Ели Наумоска Монеска – библиотекар (член), Пепи Ставревски – претставник од училишните библиотеки и секретар на Извршниот одбор на БЗМ (член), Жаклина Линкова (член) и Љупка Стојменова (член) и двете претставници од присутните ментори на учесниците. По прегледувањето на тестовите, Комисијата ги извести учесниците за постигнатите резултати.

  1. Трајче Манчевски ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица 130 бода
  2. Анастасија Младеновска ОУ„Крсте П. Мисирков“ Куманово 130 бода
  3. Благица Митровска ОУ„Браќа Миладиновци“ – с. Добрушево, Могила 130 бода
  4. Изабела Насковска ОУ „Кирил и Методиј“ Битола 130 бода
  5. Софија Димова ОУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес 128 бода
  6. Ангела Фенева ООУ „Ванчо Прке“ Штип 124 бода
  7. Марија Прастова ООУ ,,Никола Карев” Радовиш 124 бода
  8. Марија Миленкоска ОУ „Браќа Миладиновци“ Ресен 122 бода
  9. Андреа Маноилова ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе 117 бода
  10. Марко Доневски ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ Скопје 114 бода
  11. Мими Колева ООУ ,,Ристо Шуклев“ с. Негорци – Гевгелија 110 бода
  12. Мери Соколовска ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица 108 бода
  13. Деспина Блажевска ООУ „Гоце Делчев“ Скопје 107 бода
  14. Мила Младеновска ООУ „Св. Климент Охридски“ с. Драчево – Скопје 102 бода
  15. Елена Николоска ООУ ,,Добре Јованоски” Прилеп 95 бода
  16. Елена Ангеловска ООУ ,,Ванчо Прќе“ Делчево 92 бода
  17. Јована Астерија Накова ОУ „Никола Карев“ Кочани 91 бода
  18. Ангелина Спасовска ОУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка Крива Паланка 91 бода
  19. Елена Лангоска ОУ „Ванчо Николески“ С.Лескоец, Охрид 78 бода
  20. Емилија Кочовска ООУ„Браќа Миладиновци“ с. Жван, Демир Хисар 62 бода

Со оглед на тоа дека четворицата први натпреварувачи имаа ист број на поени – 130, се пристапи кон усно одговарање на прашања. Прва од натпреварот испадна Анастасија Младеновска, следна испадна Изабела Насковска, а по подолго поставување на прашања, првото место го освои Трајче Манчевски. Според тоа: на прво место е Трајче Манчевски од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица, на второ место Благица Митровска од ОУ„Браќа Миладиновци“ – с. Добрушево, Могила и третото место го освои Изабела Насковска од ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола.

Можеби ќе ви се допадне...