6. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Крушево, 2005

На 21.11.2005 год. во просториите на Хотелот „Монтана“, а во организација на домаќинот – Домот на културата „Наум Наумовски – Борче“, Библиотека од Крушево, се одржа 6. Републички натпревар на членовите на секциите и клубовите „Млади библиотекари“ при јавните библиотеки на Република Македонија.

На Натпреварот учествуваа 28 натпреварувачи, победници на општинските натпревари „Млади библиотекари“ организирани од јавните библиотеки во текот на месец октомври 2005 год.

За регуларноста на Натпреварот се грижеше Комисијата во состав:

– Цветанка Тошевска, претседател (ГБ „Браќа Миладиновци“, Скопје),

– Миле Бошески, член (НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје),

– Нада Караџоска, член (Градска библиотека „Борка Талески“, Прилеп).

Секој натпреварувач, пред почетокот на Натпреварот, на посебен образец ги впиша своите генералии и шифрата под која се натпреварува. Потоа, натпреварувачите ги ставија обрасците во пликови и ги залепија пликовите. Последниве беа отворени откако беа прегледани прашалниците и беше утврден редоследот на победниците на Натпреварот.

Според покажаните резултати, Комисијата констатира дека:

  • Првото место го освои Димиртова Душица, ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“, Кавадарци (Народна библиотека „Феткин“, Кавадарци)
  • Второто место го освои Антевска Александра, ОУ „Јан Амос Коменски“,Скопје (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје)
  • Третото место го освои Кочовска Кристина, ОУ „Владо Тасевски“, Скопје (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје)

Како посебно успешни, Комисијата ги издвои прашалниците на тројца учесници означувајќи ги за добитници на специјална награда и тоа:

– Михајловска Александра, ОУ „Браќа Миладиновци“, Куманово (Градска библиотека „Тане Георгиевски“, Куманово),

– Колевска Матеја, ОУ „Јан Амос Коменски“, Скопје (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје)

– Крстевска Прашкева, ОУ „Никола Карев“ (Дом на културата „Наум Наумовски- Борче“ – Библиотека, Крушево). Од НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола учесник беше победникот на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ во Битола, ученичката Викторија Мурговска од VIII одделение при ОУ „Коле Канински“ од Битола, под менторство на библиотечниот работник Драги Кабровски задолжен за популаризација на книгата при Библиотеката.

Можеби ќе ви се допадне...