10. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Велес, 2009

Десеттиот Републички натпревар „Млади библиотекари“ го организираше Библиотекарското Друштвото на Македонија на 06.11.2009 год. во библиотеката „Гоце Делчев“ – Велес и на него учество зедоа претставници од сите Јавни библиотеки во Македонија. На сите учесници им беа доделени дипломи за учество, а за најдобрите беа доделени три награди.

Прво место освои претставничката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ученичката Емилија Недановска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево. Второто место и припадна на претставничката од Библиотеката во Радовиш, третото место и припадна на претставничката од Библиотеката во Делчево.

Можеби ќе ви се допадне...