4. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Охрид, 2003

Записник

од Четвртиот републички натпревар „Млади библиотекари“

На 24.10.2003 година во просториите на Народната библиотека „Григор Прличев“ – Охрид се одржа Четвртиот републички натпревар на членовите на секциите и клубовите Млади библиотекари при народните библиотеки на Република Македонија.

На натпреварот учествуваа 22 (дваесет и двајца) натпреварувачи, победници на општинските натпревари Млади библиотекари организирани од народните библиотеки, коишто беа одржани во текот на месецот октомври 2003 година.

За регуларноста на натпреварот се грижеше Комисија во состав:

  1. Верица Петровска – НУБ „Климент Охридски“ – Скопје,
  2. Маринела Јовановиќ – Народна библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и
  3. Благој Николов – МУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Записникот го водеше Магдица Шамбевска (секретар на БДМ).

Натпреварот беше анонимен. Секој натпреварувач, пред почетокот на посебен образец ги напиша своите генералии и шифрата под која ќе се натпреварува. Потоа, самите натпреварувачи ги ставија обрасците во пликови, ги залепија и истите беа отворени откако беа прегледани прашалниците и беше утврден редоследот на победниците на натпреварот.

Според покажаните резултати, Комисијата констатира:

Првото место го делат двајца натпреварувачи:

  1. Илина Стоилковска VIII одд. од ОУ „Браќа Миладиновци“, претставник на Народната библиотека „Тане Георгиевски“ од Куманово со освоени 175 бодови. Натпреварувачот се натпреваруваше под шифрата 45462.
  2. Милка Ичоќаева од VIII одд. од ОУ „Видео Подгорец“, претставник на Народната библиотека „Благоја Јанков Мучето“ од Струмица со освоени 175 бодови. Натпреварувачот се натпреваруваше под шифрата Стрелец.

Второто место го освои Евица Атанасова VIII одд. од ОУ „Страшо Пинџур“, претставник на Народната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино со освоени 170 бодови. Натпреварувачот се натпреваруваше под шифрата Ливерпул.

Третото место го делат двајца натпреварувачи:

  1. Сања Давидовиќ VIII одд. од ОУ „Лазо Трповски“, претставник на народната библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје со освоени 160 бодови. Натпреварувачот се натпреваруваше под шифрата Две срца.
  2. Сања Димирова VIII одд. од ОУ „Тоде Хаџи Тефков“, претставник на Народната библиотека „Феткин“ од Кавадарци со освоени 160 бодови. Натпреварувачот се натпреваруваше под шифрата 251189.

Од Комисијата

Охрид, 24.10.2003 год.

Извор: Библиотекарство : списание на Библиотекарското друштво на Македонија. – ISSN 1409-9357 (Вол. 21, бр. 1-2, 2003, стр. 103-104) 

Можеби ќе ви се допадне...