5. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Битола, 2004

Под покровителство на Библиотекарското друштво на Македонија во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола на 16.11.2004 г. се одржа 5. Републички натпревар “Млади библиотекари” на кој зедоа учество побед­ниците од Општинските натпревари. Библиотеката како домаќин топло ги прими натпреварувачите како и нивните придружници ментори, библиотекари и директори на Библиотеките, а за најдобрите обезбеди вредни награди.
Комисијата составена од три члена: Миле Бошески (претседател), Магдица Шамбевска и Јоланда Бошевска ги прегледа тестовите и ги објави наградените имиња. Наградите им ги доделуваше претседателката на БДМ г-ѓа Зорка Чекичевска која воедно искажа и голема благодарност кон Библиотеката како домаќин и соорганизатор на натпреварот. Во присуство на медиумите од градот овој нас­тан беше достојно презентиран преку инфор­мативните гласила до пошироката јавност.

  • Прва награда за Давид Алексовски ОУ „Браќа Миладиновци” – Куманово, НБ „Тане Георгиевски”
  • Втора награда за Андреј Манев ОУ „Кирил и Методиј” с. Г. Полог Кочани, НБ „Искра”
  • Трета награда за Леа Матевска ОУ „Јан Амос Коменски” Скопје НБ „Браќа Миладиновци”

Можеби ќе ви се допадне...