Списанието „Библиотекарство“ претставува научно/стручно списание за теоретски и практични прашања во областа на библиотекарството и информациската наука.
Списанието се стреми преку научни и стручни сознанија и дискусии да допринесе кон размена на професионални мислења и да овозможи елементи неопходни за развојот на научната и стручна мисла во областа на библиотечно – информациската наука, како и да допринесе кон натамошна афирмација на библиотекарството во национални како и во меѓународни рамки.
Поднесување труд/статија
Во „Библиотекарство“ се објавуваат научни и стручни трудови, научни белешки (кратки соопштенија), претходни соопштенија, како и прегледни статии (прикази).
Трудовите кои се поднесуваат за објавување треба да бидат подготвени согласно следниве пропозиции:
- До уредувачкиот одбор на списанието може да се испратат само оригинални трудови (претходно не објавувани).
- Трудовите и статиите треба да имаат најмногу 7 страници. Маргини: Top – 2,54, Down 0 2,54, Left – 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25. Текстот да биде пишуван во проред 1,5 во Times New Roman со македонска поддршка, со големина на буквите 12.
- Насловот на трудот треба да стои во Header на секоја страница од трудот. Фуснотите треба да се напишат со големина на буквите 10.
- На почетокот од трудот треба да се наведе титулата, името (имињата) и презимето (презимињата) на авторите, по потреба и иницијалите на татковото име.
- Под насловот, во десниот агол, да се наведе типот на трудот (курзив, во заграда),
- Институција на афилијација на авторот/авторите.
- Податоци за контакт (е-пошта, телефон, адреса), во заграда, курзив, големина на фонт 10.
Трудовите освен на првата страница не треба да го содржат името на авторот на другите страници.
- Апстракт – кратка содржина до најмногу 150 зборови (приближно 500-600 карактери со празни места)
- клучни зборови што ќе ја опишат темата опфатена во трудот наведени по апстрактот
- текст на трудот
- користена литература
- резиме и клучни зборови на англиски јазик
- Цитирањата и забелешките треба да се ставаат на крајот од страницата (footer) и да бидат последователно нумерирани со арапски бројки со фонт големина 10.
- Табелите, графиконите и други илустрации треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки, со курзивен стил.
- Листата на користената литература треба да биде сместена на крајот од трудот.
- Задолжително е да се наведат сите библиографски извори кои се користени во подготовка и пишувањето на трудот со користење на APA (American Psychological Association) стандардот на индексирање на литературата.
- Пример: Electronic reference formats recommended by the American Psychological Association. (19.11.1999). Washington, DC: American Psychological Association
- Трудовите кои се доставени не се враќаат на авторите (без оглед дали ќе бидат или нема да бидат објавени во списанието).