8. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Кавадарци, 2007

Во петокот на 26.10.2007 година, во Народната библиотека „Феткин“ во Кавадарци, со почеток во 11 и 30 часот, во организација на Друштвото на библиотекарите на Македонија беше одржан осмиот Републички натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот учество зедоа 33 натпреварувачи од сите народни библиотеки во Македонија.
Битолската библиотека ја претставуваше ученичката Марковска Елена од осмо одделение при ОУ „Браќа Миладинови“ од с. Добрушево, Битола, која со освоени 170 бодови го освои второто место на натпреварот.
Првото место му припадна на претставникот од Куманово со освоени 175 бодови, а третото место му припадна на претставникот од Свети Николе со освоени 165 бодови.
Наградите и дипломите на учесниците им ги врачи претседателот на Комисијата ѓ-ѓа Магдица Шамбевска од Националната – Универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје.

Можеби ќе ви се допадне...