9. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Кочани, 2008

На 21.11.2008 година, во Јавната општинска установа Библиотека (ЈОУБ) „ИСКРА“ во Кочани, во организација на Друштвото на библиотекарите на Македонија, беше одржан деветтиот Републички натпревар „Млади библиотекари” до 14 годишна возраст. На натпреварот учество зедоа 24 натпреварувачи од сите Библиотеки од Македонија.
Првото место со максимален број на бодови го освои Мартин Јоновски од ОУ „Даме Груев” како претставник од Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” од Битола.
Наградите и Дипломите на учесниците ги врачи претседателот на Библиотекарското друштво на Македонија г-дин Кирил Ангелов од Скопје.

Можеби ќе ви се допадне...