Реализиран проектот „Аудиокнигите достапни до читателите“ – Библиотека Гоце Делчев, Велес

Во медијатеката на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес, се одржа работилница на тема „Аудиокнигите достапни до читателите“, проект на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес во соработка со Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија, поддржано од Министерството за култура на РСМ.

Предавачи за темата, важноста и начинот на набавка и стручниот внес и обработка на аудио книгите со примери како да се креира каталошко-библиографски опис на аудио книги беа Јелисавета Костадинова, библиотекар-советник и Јана Михајловска, виш библиотекар.

На работилницата учествуваа и НУ – УБиблиотека „Гоце Делчев“ – Штип, Библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, ЈОУ Библиотека „ФЕТКИН“ Кавадарци, ЈОУ Библиотека „Искра”- Кочани и Матична библиотека „Кочо Рацин“, Пехчево.

Можеби ќе ви се допадне...