Се одржа 22. Републички натпревар Млади библиотекари

На 12 мај 2023 година во Библиотеката „Искра“ во Кочани се одржа 22. Републички натпревар Млади библиотекари во организација на Библиотекарското здружение на Македонија. На натпреварот учество зедоа 26 ученици од 24 основни училишта ширум државата. Комисијата во состав: Гордана Ѓеоргиевска-Неделковски , Билјана Огненовска и Себахате Ибраими како и член од домаќинот и член од менторите, го спроведоа тестирањето и по прегледаните тестови ги објавија следниве резултати:

  1. Првото место го освои Матео Матевски од ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово, со менторката Жаклина Трајковиќ
  2. Второто место припадна на Лина Рушити од ООУ „Братство Миѓени“ од Тетово, со менторката Гонџе Ејуби
  3. Третото место припадна на Сара Ѓоргиевска од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола со менторката Маја Марковски

За првите три места, покрај диплома, имаше подарок книги, донација од НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како и ваучери добиени како донација од Нептун, а останатите учесници и нивните ментори добија подарок книги и дипломи. Им честитаме и им се заблагодаруваме на добитниците и на сите коишто зедоа учество на овој натпревар. Посебна благодарност до овогодинешниот домаќин Библиотеката „Искра“ – Кочани за одличната организација и топлиот пречек!

Се гледаме повторно следната година!

ИО на БЗМ

Јана Михајловска, претседател

Можеби ќе ви се допадне...