11. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Прилеп, 2010

На 12.11.2010 год. во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, во просториите на Јавната општинска установа Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, се одржа 11. Републички натпревар „Млади библиотекари 2010“ на кој учествуваа ученици од основните училишта – членови на јавните библиотеки во Република Македонија. Натпреварот го спроведе Комисијата во состав: Елизабета Трпческа Петрушевска, претседател (НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово), Марија Пажевска, член (ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп), Силванa Јакимовска, член (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје).
На натпреварот учествуваа 31 натпреварувач, победници на општинските натпревари „Млади библиотекари“ организирани од јавните библиотеки во текот на месец октомври 2010 год. Натпреварот беше анонимен. Секој натпреварувач, пред почетокот на Натпреварот, на посебен лист ги впиша своите генералии и шифрата под која се натпреварува. Потоа, натпреварувачите ги ставија листовите во пликови и ги залепија пликовите. Последниве беа отворени откако беа прегледани прашалниците и беше утврден редоследот на победниците на Натпреварот. Прашалникот се состоеше од 20 прашања (со дополнување, заокружување и целосни одговори), а максималниот број на освоени бодови беше 170. При прегледувањето беше утврдено дека двајцата првопласирани кандидати имаат ист број на бодови. Поради тоа, а согласно со чл. 12 од Правилникот за организирање и спроведување на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, на двајцата кандидати им беше поставено дополнително прашање и според покажаните резултати Комисијата констатира дека:

■ Првото место го освои Марина Насковска, ОУ „Кочо Рацин“ – Куманово (Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово, со освоени 161+5 (дополнително прашање) = 166 бодови.
■ Второто место го освои Теодора Сакурмовска, ОУ „Гоце Делчев“ – Битола (НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола), со освоени 161 бодови.
■ Третото место го освои Зоран Гаврилов, ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани (ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани), со освоени 160 бодови.

Наградите им беа врачени од претседателот на БЗМ, д-р Николче Вељановски. Исто така, на сите учесници им беа подарени по две книги и благодарници за учеството, додека, пак, на сите ментори им беа дадени благодарници. Посебна благодарност со благодарници им беше изразена на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, како домаќин на Натпреварот и на директорот г. Петре Петрески.

Можеби ќе ви се допадне...