12. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Струмица, 2011

На 11.11. 2011 год. во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, во просториите на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица се одржа Дванаесеттиот републички натпревар „Млади библиотекари 2011“ на кој учествуваа ученици од основните училишта – членови на јавните библиотеки во Република Македонија. Натпреварот го спроведе комисијата во состав: Елизабета Трпческа Петрушевска, претседател (НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово), Тања Гошева, член (ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица), Илија Захариев, член (ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани).

На натпреварот учествуваа 27 натпреварувачи, победници на општинските натпревари „Млади библиотекари 2011“ организирани од јавните библиотеки во текот на месец октомври 2011 год. Натпреварот беше анонимен. Прашалникот се состоеше од 20 прашања (со дополнување, заокружување и целосни одговори), а максималниот број на освоени бодови беше 180. Откако комисијата ги прегледа тестовите, го објави редоследот на победниците:

▪ Прво место: Бојана Радевска, ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Царев Двор, Ресен (Јавна библиотека при Домот на култура „Драги Тозија“ – Ресен), со освоени 174 бодови;
▪ Второ место: Бранко Стефановски, ОУ „Герас Цунев“, (ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица), со освоени 172 бодови;
▪ Трето место: Зорица Георгиевска, ОУ „Лазо Трповски“ – Скопје, (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“), со освоени 170 бодови.

Наградите им беа врачени од претседателот на БЗМ, д-р Николче Вељановски. Исто така, на сите учесници им беа подарени по една книга и благодарници за учеството, додека, пак, на сите ментори им беа дадени благодарници. Посебна благодарност со благодарници им беше изразена на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица, како домаќин на Натпреварот и на директорката г-ѓа Тања Бошева.

Можеби ќе ви се допадне...