14. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Неготино, 2013
На 25. 10. 2013 година, во Неготино се одржа 14. Републички натпревар „Млади библиотекари 2013“, организиран од Библиотекарското здружение на Македонија. На натпреварот зедоа учество 23 натпреварувачи од основните училишта ширум државата. По поставените прашања од страна на тричлената комисија во состав Благој Николов, Катерина Данаилова и Илија Захариев, учесниците преминаа на одговорање на прашањата. Со најголем број освоени поени односно сите 170, беше натпреварувачот Миа Ботинова Димитрова од ООУ „Блаже Конески“ – Велес која ја освои и I награда на натпреварот, додека за II и III награда две натпреварувачки имаа ист број на поени – 157. По усното испрашување второнаградена беше Јована Јовановска од ОУ „Крсте Мисирков“ од Куманово и III награда и беше доделена на Александра Шијаковска од ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино.
На сите учесници на натпреварот и на нивните ментори им беа поделени Благодарници и по една книга.