Покана и повик за трудови за Конференција БЗМ 2025
Библиотекарското здружение на Македонија (БЗМ) со задоволство Ве поканува да учествувате на претстојната Конференција на БЗМ, финансирана од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес во културата за 2025 година.
Темата на конференцијата: Носечка тема на конференцијата е: Услуги за лица со посебни потреби и лица со попреченост.
Други теми:
- Управување (менаџирање) со библиотечната опрема и капацитети за услуги за лица со попреченост.
- Препораки од ИФЛА за пристапот до информации, знаење и читање им овозможуваат и ги поддржуваат лицата со попреченост да живеат самостојно и да учествуваат целосно и еднакво во општеството.
- Градење достапна иднина за сите: ВИ и вклучување (инклузија) на лицата со попреченост.
- Кои се придобивките од вештачката интелигенција во однос на пристапноста за лицата со посебни потреби.
- Дигиталните библиотеки за лицата со попреченост.
- Откривање на моќта на книгите за лицата со попреченост.
- Предизвици за подобрување на видливоста на лица со попреченост во библиотеките.
- Образовните асистенти во услуга на децата со попреченост во образованието.
- Застапеност на аудиокниги и книги на Брајово писмо во образованието.
Повик за трудови: Ги покануваме сите заинтересирани истражувачи, библиотекари и експерти да поднесат апстракти на трудови поврзани со горенаведените теми.
Рокови и насоки за поднесување:
- Апстрактите треба да се испратат најдоцна до 31 март 2025 година во затворен голем плик со шифра, додека личните податоци со шифрата од апстрактот треба да се во мал плик запечатен и ставен во големиот плик (напомена: малите пликови ќе бидат отворени само на прифатените апстракти, а избраните кандидати ќе бидат исконтактирани). Апрактите треба да ги испратите на адреса бул. „Гоце Делчев“ бр.6, 1000 Скопје. Апстрактите после овој датум, нема да се земат предвид.
- Од 31 март до 10 април, стручната комисија ќе одлучи кои апстракти ќе бидат презентирани на Конференцијата.
- Авторите на избраните апстракти ќе бидат повикани да поднесат целосни трудови, кои ќе бидат разгледани од Редакцискиот одбор и Издавачкиот совет на Здружението со датум до септември 2025 година.
- Краен рок за испраќање на презентациите на прифатените излагачи: 25 април 2025 година.
- Официјалната агенда за конференцијата ќе биде објавена до 5 мај 2025 година.
- Упатството за авторите ќе го најдете на bzm.mk
Ве охрабруваме да учествувате и да придонесете со Вашите истражувања и искуства кон развојот на библиотечните услуги за лица со посебни потреби и лица со попреченост.
Со почит,
Библиотекарско здружение на РС Македонија
д-р Јана Михајловска, претседател