Списанието „Библиотекарство“ претставува стручно списание на Библиотекарското здружение на Република С Македонија (БЗМ).
Списанието се стреми преку стручни сознанија и дискусии да придонесе кон размена на професионални мислења и да овозможи елементи неопходни за развојот на научната и стручна мисла во областа на библиотечно – информациската наука, како и да допринесе кон натамошна афирмација на библиотекарството во национални како и во меѓународни рамки.
Поднесување труд/статија
Во „Библиотекарство“ се објавуваат научни и стручни трудови, научни белешки (кратки соопштенија), претходни соопштенија, како и прегледни статии (прикази).
До редакцијата на списанието може да се испратат само оригинални трудови (претходно да не се објавени), подготвени согласно ова упатство. Трудовите кои се доставени не се враќаат на авторите (без оглед дали ќе бидат или нема да бидат објавени во списанието).
ТЕХНИЧКО УРЕДУВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ/СТАТИЈАТА
- Трудовите и статиите треба да имаат најмногу 7 страници. Маргини: Top – 2,54, Down – 2,54, Left – 3, Right – 2,5, Gutter 0 cm, Header – 1,25, Footer – 1,25. Текстот да биде пишуван во проред 1 во Times New Roman Т со македонска поддршка, со големина на буквите 12.
- Трудовите освен на првата страница не треба да го содржат името на авторот на другите страници.
- Цитирањата и забелешките треба да се ставаат на крајот од страницата (footer) и да бидат последователно нумерирани со арапски бројки со фонт големина 10.
- Табелите, графиконите и други илустрации треба да бидат со наслов и последователно нумерирани со арапски бројки и со курзивен стил.
- Задолжително е да се наведат сите библиографски извори кои се користени во подготовка и пишувањето на трудот.
За книга
Презиме, иницијали. (година). Наслов на книга. Издание (доколку не е прво издание). Место на издавање: Издавач.
| Петровски, Д.Ј. (1999). Менаџмент на библиотечните промени и професионален развој на кадрите. Битола: Факултет за учители и воспитувачи. |
За труд во списание
Презиме, иницијали. (година). „Наслов на статијата“. Име на научното списание, волумен (број), страници.
| Боздоганова, М. (2017). „Тинејџерите во библиотеката“. Библиотекарство : списание на библиотекарите на Македонија, бр. 1/2, стр. 30-35 |
За електронски извори
Доколку изворот е достапен онлајн се наведува на почетокот, додека целата интернет адреса (URL) потребно е да се наведе на крајот од референцата, како и датумот кога е пристапено на страницата.
| „Библиотеката – темел на писменоста и најпосакувано место во градот“, https://epale.ec.europa.eu/mk/blog/bibliotekata-temel-na-pismenosta-i-najposakuvano-mesto-vo-gradot. (пристапено на 06.06.2023) |
СТРУКТУРА НА ТРУДОТ/СТАТИЈАТА
Наслов (центрирано, болд)
Под насловот, во десниот агол, да се наведе:
- типот на трудот (курзив, во заграда),
- титулата, името (имињата) и презимето (презимињата) на авторите, по потреба и иницијалите на татковото име.
- институција на афилијација на авторот/авторите.
- податоци за контакт (е-пошта, телефон, адреса), во заграда, курзив, големина на фонт 10.
Апстракт – кратка содржина до најмногу 150 зборови (приближно 500-600 карактери со празни места), големина на фонт 11.
Клучни зборови – што ќе ја опишат темата опфатена во трудот наведени по апстрактот, големина на фонт 11.
Текст на трудот (вовед, главен текст, заклучок)
Користена литература, големина на фонт 10.
Резиме и клучни зборови на англиски јазик, големина на фонт 11.



