Доделување на признанието „Библиотека на годината“ за 2025
Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, во состав: Весна Бошева Русовски (претседател), Јана Михајловска, Ивана Стојанова, Кристина Ѓоргиевска и Снежана Георгиевска, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“, по разгледување на материјалите доставени со пријавите на објавениот јавен повик, заклучи дека врз основа на исполнувањето на критериумите на највисоко ниво, признанието „Библиотека на годината“ за 2025 година да им биде доделено на:
- ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци (категорија: јавни библиотеки)
- Библиотеката при ОУРЦ „Иднина“ – Скопје (категорија: основни училишта)
- Библиотеката Халкбанк при Меѓународниот балкански универзитет – Скопје (категорија: високошколски библиотеки)
Честитки!!!
Искрена благодарност до сите библиотеки коишто се пријавија на повикот!
Доделувањето на признанијата ќе се одржи на 5 декември 2025 година (петок) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а по повод патрониот празник на Библиотеката.



