Автор: БЗМ

11. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Прилеп, 2010

На 12.11.2010 год. во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, во просториите на Јавната општинска установа Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, се одржа 11. Републички натпревар „Млади библиотекари 2010“ на кој учествуваа ученици од основните училишта – членови на јавните библиотеки во Република Македонија. Натпреварот го спроведе Комисијата во состав: Елизабета Трпческа Петрушевска,...

10. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Велес, 2009

Десеттиот Републички натпревар „Млади библиотекари“ го организираше Библиотекарското Друштвото на Македонија на 06.11.2009 год. во библиотеката „Гоце Делчев“ – Велес и на него учество зедоа претставници од сите Јавни библиотеки во Македонија. На сите учесници им беа доделени дипломи за учество, а за најдобрите беа доделени три награди. Прво место освои претставничката на НУУБ...

9. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Кочани, 2008

На 21.11.2008 година, во Јавната општинска установа Библиотека (ЈОУБ) „ИСКРА“ во Кочани, во организација на Друштвото на библиотекарите на Македонија, беше одржан деветтиот Републички натпревар „Млади библиотекари” до 14 годишна возраст. На натпреварот учество зедоа 24 натпреварувачи од сите Библиотеки од Македонија.Првото место со максимален број на бодови го освои Мартин Јоновски од ОУ...

8. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Кавадарци, 2007

Во петокот на 26.10.2007 година, во Народната библиотека „Феткин“ во Кавадарци, со почеток во 11 и 30 часот, во организација на Друштвото на библиотекарите на Македонија беше одржан осмиот Републички натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот учество зедоа 33 натпреварувачи од сите народни библиотеки во Македонија.Битолската библиотека ја претставуваше ученичката Марковска Елена од осмо одделение...

7. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Радовиш, 2006

Во организација на Библиотекарското друштво на Македонија, на 17 ноември 2006 година, во Радовиш, беше одржан седмиот по ред Републички натпревар „Млади библиотекари”. На натпреварот учествуваа триесетина натпреварувачи од повеќе градови во Републиката, победници на претходно одржаните Општински натпревари. Претседателот на Комисијата за спроведување на натпреварот ги запозна кандидатите со правилата за полагање на...

6. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Крушево, 2005

На 21.11.2005 год. во просториите на Хотелот „Монтана“, а во организација на домаќинот – Домот на културата „Наум Наумовски – Борче“, Библиотека од Крушево, се одржа 6. Републички натпревар на членовите на секциите и клубовите „Млади библиотекари“ при јавните библиотеки на Република Македонија. На Натпреварот учествуваа 28 натпреварувачи, победници на општинските натпревари „Млади библиотекари“...

5. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Битола, 2004

Под покровителство на Библиотекарското друштво на Македонија во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола на 16.11.2004 г. се одржа 5. Републички натпревар “Млади библиотекари” на кој зедоа учество побед­ниците од Општинските натпревари. Библиотеката како домаќин топло ги прими натпреварувачите како и нивните придружници ментори, библиотекари и директори на Библиотеките, а за најдобрите обезбеди вредни награди.Комисијата...

4. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Охрид, 2003

Записник од Четвртиот републички натпревар „Млади библиотекари“ На 24.10.2003 година во просториите на Народната библиотека „Григор Прличев“ – Охрид се одржа Четвртиот републички натпревар на членовите на секциите и клубовите Млади библиотекари при народните библиотеки на Република Македонија. На натпреварот учествуваа 22 (дваесет и двајца) натпреварувачи, победници на општинските натпревари Млади библиотекари организирани од...

3. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Скопје, 2002

Трет републички натпревар „ Млади библиотекари“ (одржан на 8.11.2002 година) Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје беше домаќин на третиот Републички натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот зедоа учество членови на народните и училишните библиотеки во Република Македонија, кои освоиле едно од првите две места на општинските натпревари одржани истата година. Имено, врз основа на...

2. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Берово, 2001

Врз основа на Статутот на Библиотекарското друштво на Македонија и Правилникот за организирање и спроведување на Републички натпревар „Млади библиотекари“ за членовите на народните и училишните библиотеки, Извршниот одбор на БДМ формира Комисија за спроведување на натпреварот во 2001 година. По објавениот Конкурс за условите на натпреварувањето, Народната библиотека „Народна Просвета“ при Домот на...