ПОВИК за избор на претседател на БЗМ
Библиотекарското Здружение на РС Македонија распишува
ПОВИК за избор на претседател на БЗМ
Изборот на претседател на БЗМ го вршат Избраните делегати на БЗМ по Повикот со следните услови:
Општи услови
За претседател на Здружението може да биде избрано лице со навршени 18 години. Лицето да е државјанин на Република Северна Македонија.
Посебни услови
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование;
- да има работно искуство од најмалку десет години во библиотека, стекнато стручно звање од областа на библиотечната дејност или лице што има докажан придонес во библиотечната дејност;
- во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да има задолжително познавање на еден од европските јазици (англиски, германски и француски јазик);
- активно да го користи македонскиот јазик;
Пријавата и задолжителната документација се доставуваат во затворен плик најдоцна до 22.11.2024 година, на следната адреса:
Библиотекарско здружение на РС Македонија – Скопје
(до Комисија за прибирање на документи за избор на претседател на БЗМ)
Бул. „Гоце Делчев“, бр. 6, 1000 Скопје
– Пријавата и задолжителната документација освен писмено се доставува задолжително и на e-mail адресата на Здружението: bzmnunub@gmail.com
– Пријавите што ќе пристигнат по определениот рок или се со некомплетна документација нема да бидат разгледувани од Комисијата.