Повик за трудови за 2024 година

Почитувани,

Библиотекарското здружение на Македонија по одржаниот состанок на Извршниот одбор донесе одлука да објави Повик за трудови за 2024 година.

Насловите на трудовите се:

  1. Двете страни на примената на вештачката интелигенција во библиотеката: можности и ризици
  2. Електронски извори на податоци – корисници и сервисот на услуги во 21 век
  3. Jавните библиотеки – современи центри на информациите во заедницата
  4. Волонтирањето и библиотеките (зошто, како, кога, со кој) – алка за поврзување и зајакнување на заедниците и генерациите
  5. Библиотеките како простор и за недоволно видливите заедници

Во прилог на оваа објава е Упатството за авторите што ќе го најдете на следнава врска https://bzm.mk/bibliotekarstvo-upatstvo-za-avtori/

СЕ ЗАМОЛУВААТ АВТОРИТЕ НА ТРУДОВИТЕ ДО 1 МАРТ 2024 ГОДИНА ВО ЦЕЛОСТ ДА ГИ ИСПРАТАТ ТРУДОВИТЕ НА bzmnunub@gmail.com

Можеби ќе ви се допадне...