Датуми поврзани со Предлог-статутот на БЗМ
Почитувани членови на БЗМ,
Библиотекарското здружение на Македонија по одржаниот состанок на Извршниот одбор ги заклучи следниве датуми поврзани со Предлог-статутот на БЗМ
15 јануари – краен термин за поднесување забелешки за Предлог-статутот.
1 февруари – комисијата во состав: Јовица Никчевски, Наум Ѓоршовски и новоизбраниот член Јелена Петровска (по претходно изземање на членот Гордана Андреева) треба да донесат заклучоци по поднесените забелешки.
13 февруари – одржување на 51. Собрание на БЗМ со единствена точка на Дневниот ред: донесување на нов Статут на Библиотекарското здружение на Македонија.
Забелешките по наведениот термин, НЕМА ДА СЕ ПРИФАТАТ.