12. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Струмица, 2011
На 11.11. 2011 год. во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, во просториите на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ – Струмица се одржа Дванаесеттиот републички натпревар „Млади библиотекари 2011“ на кој учествуваа ученици од основните училишта – членови на јавните библиотеки во Република Македонија. Натпреварот го спроведе комисијата во состав: Елизабета Трпческа Петрушевска, претседател...



