Се одржа 20. Републички натпревар Млади библиотекари
На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова (претседател), Маја Трајковиќ (член), Душанка Трпевска (член), Билјана Аџиовска-Панџарова (член од домаќинот) и Елизабета Коцева...



