КОНКУРС за доделување на наградата „Климентова повелбa за животно дело“ за 2024 година

Наградата „Климентова повелба за животно дело“ за 2024 година ја доделува Библиотекарското здружение на РС Македонија – Скопје за особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Република Северна Македонија врз основа на Статутот на БЗМ и Правилникот за доделување на наградата. ИO на БЗМ по предлог на Комисијата за доделување на наградата распишува Конкурс со следните услови:

Општи услови

  • Возрасната граница на кандидатите да е најмалку 60 години;
  • Кандидатите да имаат најмалку 20 години работно искуство во библиотечната дејност.

Посебни услови

  • Писмени препораки од најмалку двајца библиотекари-советници;
  • Професионална биографија со приложени докази за особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Република Северна Македонија;
  • Список на објавени научни и стручни трудови;
  • Да не е член на Комисијата или ИО на БЗМ.

Наградата се доделува на библиотекари кои се членови на БЗМ од сите видови библиотеки во државата, а се состои од печатена повелба и паричен износ во висина од 6.000 денари (нето).   

Пријавата и задолжителната документација се доставуваат во затворен плик  најдоцна до 7.11.2024 година на следната адреса:

Библиотекарско здружение на РС Македонија – Скопје
(до Комисија за доделување на наградата „Климентова повелбa за животно дело“)
Бул. „Гоце Делчев“, бр. 6, 1000 Скопје

Пријавата и задолжителната документација освен писмено се доставува скенирано задолжително и на e-mail адресата на Здружението: bzmnunub@gmail.com

Пријавите што ќе пристигнат по определениот рок или се со некомплетна документација нема да бидат разгледувани од Комисијата.

7. 10. 2024, Комисија за наградата
„Климентова повелбa за животно дело“ за 2024 година на БЗМ

Можеби ќе ви се допадне...

1 Response