Известување од Извршниот одбор

Почитувани,

Извршниот одбор донесе одлука за привремено одложување на доделувањето на наградата “Библиотека на годината”, додека трае изборниот процес за ново раководство.

Оваа одлука е со цел да се обезбеди транспарентност и непристрасност во процесот. Веднаш по завршувањето на изборите и формирањето на новите тела, постапката за доделување на наградата ќе продолжи според утврдените правила.

Ви благодариме за разбирањето и поддршката.

Со почит,
Извршен одбор на БЗМ

Можеби ќе ви се допадне...