Категорија: Новости

Дигитализирани првите броеви на списанието Библиотекарска Искра

Како стручно јавно гласило, списанието „Библиотекарска Искра“ има публикувано статии, реферати и информации релевантни за развојот на библиотечните услуги и пракса во Република Македонија. Списанието започнува да излегува во 1955 год., а од 2000 год. се надоврзува со други библиографски серии, односно со списанието „Библиотекарство“. Дигитализираните изданија на ова списание може да ги видите...

Успешно одржана 5. Меѓународна конференција на библиотекари

Успешно одржана 5. Меѓународна конференција на библиотекари „Услуги за корисници со посебни потреби и лица со попреченост“ Велес, 14–16 мај 2025 Со голема чест и задоволство споделуваме дека во Велес, од 14 до 16 мај, се одржа 5. Меѓународна конференција на библиотекари, која се фокусираше на развојот на инклузивни библиотечни услуги за лица со...

Агенда за претстојната 5. Меѓународна конференција на библиотекари

Почитувани, Во прилог е Агендата за претстојната 5. Меѓународна конференција на библиотекари што ќе се одржи во периодот од 14 до 16 мај во Хотел Глориус во Велес.

Повик за избор на „Библиотека на годината за 2024“

Се распишува јавен повик за избор на „Библиотека на годината“. Молбите со пропратната документација се доставуваат до Комисијата за доделување на наградата „Библиотека на годината“ (Бул. „Гоце Делчев“ бр.6, 1000 Скопје), најдоцна до 14.4. 2025 година и на мејл адресата на Здружението bzmnunub@gmail.com Критериуми за вреднување / проценување на совршеноста за доделување на признанието...

Ново раководство на Библиотекарското здружение на РС Македонија за периодот 2024-2028 година

На 10.12.2024 година, во Центарот за конференции и студии при НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа Изборното собрание на Библиотекарското здружение на РС Македонија (БЗМ). Искрена благодарност на сите присутни за одржаното Собрание и благодарност до директорот на НУБ г. Јовица Никчевски за поддршката и отстапениот простор за успешна реализација на...

Известување од Извршниот одбор

Почитувани, Извршниот одбор донесе одлука за привремено одложување на доделувањето на наградата “Библиотека на годината”, додека трае изборниот процес за ново раководство. Оваа одлука е со цел да се обезбеди транспарентност и непристрасност во процесот. Веднаш по завршувањето на изборите и формирањето на новите тела, постапката за доделување на наградата ќе продолжи според утврдените правила....

Нов Статут на Здружението – 2024 година

На 51. Собрание на БЗМ одржано на 13.02.2024 година, се изгласа новиот Статут на Здружението. Истиот е веќе објавен на веб-страницата на следниов линк. Благодарност до сите колеги кои учествуваа во неговата подготовка и гласање. Со почит, ИО на БЗМ д-р Јана Михајловска Претседател на ИО на БЗМ

Проект ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“

Проектот ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“, е одобрен од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес во културата за 2024 година, а носител на овој проект е Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија. Проектот беше остварување на книжевни интерактивни работилници во пет града во Република Северна Македонија со ученици...

Меѓународна конференција на библиотекари 2024

На 16 и на 17 мај се одржа 4. меѓународна конференција на библиотекари насловена како „Примената на вештачката интелигенција во библиотекарството: предизвици и можности“. Оваа конференција, е во целост поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2024 година.   Оваа година се заокружија 75 години од основањето на...

Северна Македонија, дел од Светската мапа на библиотеки на ИФЛА

Северна Македонија e дел од Светската мапа на библиотеки на ИФЛА. Во прилог е врската https://librarymap.ifla.org/datacontrib…/North%20Macedonia. Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции (IFLA) стои како светилник на соработка и иновации во рамките на глобалната библиотечна и информативна заедница. Со богата историја која опфаќа речиси еден век, ИФЛА служи како обединувачка сила, поврзувајќи ги...