ИЗВЕСТУВАЊЕ за 48-годишното собрание на БЗМ
Почитувани членки на Библиотекарското здружение на Македонија!!!
Конференцијата и 48-годишното собрание на БЗМ се одржа на 21.12.2021 година со почеток од 9:30 часот, on–line на платформата zoom. Уште еднаш докажавме дека по одржаната Конференција излегоа и допрва ќе произлезат плодни дискусии, како и прашања коишто ќе придонесат за идни средби од значење за библиотекарството и библиотечните работници. Голема благодарност до сите учесници, до предавачот проф. д-р Драхомира Цупар, како и до директорката на НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Јелисавета Костадинова за несебичната поддршка и помош при организацијата на оваа конференција.
Исто така Ве известуваме дека рокот за поднесување на целосните трудови е до 1.3.2022 година.
Во прилог е Извештајот за работата на БЗМ за 2021 год.
До следната средба Ве поздравуваме и Ви посакуваме успешна 2022 година!
Претседател на ИО на БЗМ,
д-р Јана Михајловска