Доделување на признанието „Библиотека на годината“ за 2021

Почитувани,

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени со Пријавите, по објавениот јавен повик, и врз основа на исполнување на критериумите на највисоко ниво оваа година Библиотеката при ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје и Библиотеката „Макс ван дер Штул“ при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, заедно да го понесат признанието „Библиотека на годината“ за 2021 година. Честитки!!!

Доделувањето на ова признание ќе биде на 7 декември 2021 година (вторник) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а по повод нејзиниот патронен празник.

Со почит,

Јана Михајловска, претседател на БЗМ

Можеби ќе ви се допадне...