49. Годишно Собрание на БЗМ

Почитувани членови на БЗМ,

Денес, во Центарот за конференции и студии во НУ НУБ Св. Климент Охридски” – Скопје, со почеток во 10.30 часот се одржа редовното 49. Годишно Собрание на Библиотекарско здружение на Македонија ( БЗМ).

Темата за дискусии на оваа средба на Собранието беше: „Како до подобри услови во библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност“.

Покрај иницијалното обраќање на претседателката на Б3М, д-р Јана Михајловска, свое обраќање имаше г. Александар Марјановик од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, претставник од „Инфокод“ и Наум Ѓоршовски.

Следуваа бројни прашања од членовите како и дискусии за нормативата на библиотечната дејност.

Според Агендата на Собранието следуваа: Извештајот за работата на БЗМ, како и избор на Комисијата за млади библиотекари и изборот за домаќин на „Млади библиотекари“.

На самиот крај од 49. Годишното Собрание, беа претставени и новите членови на Библиотекарското здружение на Македонија, кои беа топло поздравени од присутните – библиотеката на Народна банка на Република Северна Македонија и библиотеките на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Благодарност до сите присутни, до новите членки, до директорот Рахметула Куќи, и до колегите од Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје за отстапениот простор како и за безрезервната поддршка во реализацијата на оваа средба. Посебна благодарност на Александар Марјановик за убавото излагање, а секако и до Јелисавета Костадинова и Наум Ѓоршовски за успешното реализирање на проектот поддржан од Министерството за култура. Искрено се надеваме на почести работни средби коишто ќе бидат од големо значење за библиотекарите од сите видови библиотеки. До следната средба…

Можеби ќе ви се допадне...