Ново раководство на Библиотекарското здружение на РС Македонија за периодот 2024-2028 година

На 10.12.2024 година, во Центарот за конференции и студии при НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа Изборното собрание на Библиотекарското здружение на РС Македонија (БЗМ). Искрена благодарност на сите присутни за одржаното Собрание и благодарност до директорот на НУБ г. Јовица Никчевски за поддршката и отстапениот простор за успешна реализација на ова изборно собрание. Претседавач на Собранието беше Наум Ѓоршовски, а записникот го водеше Билјана Павличковска.

Објавуваме дека за претседател на БЗМ е избрана Јана Михајловска. Ова е прв избор на претседател со мандат од 4 години, во согласност со новиот Статут на БЗМ, донесен во 2024 година.

На Изборното собрание беа избрани и новите членови на Извршниот одбор (мандат од 4 години):

  • Јана Михајловска – претседател на БЗМ и член на ИО
  • Магдица Шамбевска – НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје (член на ИО од НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје)
  • Драган Ѓоргиев – НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип (член на ИО од националните установи – библиотеки)
  • Петар Гурев – ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци (член на ИО од јавните библиотеки)
  • Илина Смоковска – Филозофски факултет – Скопје (член на ИО од високошколските библиотеки)

*Членовите на Извршниот одбор од специјализираните и основните училишни библиотеки ќе бидат избрани наскоро.

Покрај тоа, изгласани се и:
Членови на Надзорниот одбор (мандат од 4 години)

  • Милка Котевска од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
  • Габриела Крстевска од НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје
  • Билјана Аџиовска-Панџарова од ГБ „Браќа Миладиновци“ – Скопје
  • Тања Кузманов од ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци
  • Силвете Османи од ЈИЕ Универзитет – Тетово

Членови на:

  • Комисијата за Климентова повелба за животно дело (Валентина Дојчиновска-Илиоска, Елмедина Абдулахи, Аница Глигорова-Милева, Соња Велјановска, Елена Станкоска), (мандат од 2 години)
  • Комисијата за Библиотека на годината (Весна Бошева Русовски, Ивана Стојанова, Снежана Георгиевска, Кристина Атанасова), (мандат од 1 година)
  • Комисијата за натпреварот „Млади библиотекари“ (Гордана Кроткова, Сања Јованова Петров и Гонца Запрова Анастасова), (мандат од 1 година)

Изразуваме голема благодарност за досегашниот труд и посветеност на претходниот Извршен одбор и на членовите на телата и комисиите на БЗМ од 2018 до 2024 година: Јелисавета Костадинова, Милка Котевска, Мариче Боздоганова, Билјана Аџиовска Панџарова, Теута Османи и Маја Трајковиќ.

Со новиот тим очекуваме продолжување на успешната работа и понатамошен развој на библиотекарството и библиотечната дејност во нашата земја.

Со почит,
Библиотекарско здружение на РС Македонија

Можеби ќе ви се допадне...