Резултати од 17. Републички натпревар „Млади библиотекари“, Велес 2016
На 17. Републички натпревар „Млади библиотекари“, што се одржа на 28. 10. 2016 во Локалната библиотека „Кочо Рацин“ Велес, учествуваа 23 претставници од основните училишта од цела Македонија. Тричлената комисија во состав: претседател Гордана Пешевска – виш библиотекар, Јадранка Мајсторова – библиотекар и Пепи Ставревски претставник од основните училишта и член на Извршниот одбор на БЗМ, по завршувањето на одговорите на прашањата од страна на учесниците, ги прегледа тестовите и ги соопшти резултатите.
- Миа Дарковска ОУ„Елпида Караманди“ – Битола 101 бода
- Игор Стојков ООУ „Тодор Јанев“ – с. Чашка – Велес 101 бода
- Милена Николовска ОУ „Браќа Миладиновци“ Ресен 100 бода
- Ванеса Панова ООУ „Славејко Арсов“ Штип 99 бода
- Ангела Дерменџиева ООУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе 93 бода
- Начевска Милена ООУ ,,Св. Климент Охридски” – Делчево 92 бода
- Марија Донева ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани 91 бода
- Изабела Насковска ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола 90 бода
- Верица Стојанова ООУ ,,Маршал Тито“ с. Муртино – Струмица 88 бода
- Евица Милошевска ОУ „Толи Зордумис“ Куманово 88 бода
- Стефани Донеска ОУ „Григор Прличев“ Охрид 82 бода
- Евгенија Јованова ОУ „Никола Парапунов“ с. Дрегобраште – Виница 82 бода
- Марко Доневски ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ Скопје 76 бода
- Стефани Јованова ООУ ,,Коста Рацин” – с.. Подареш – Радовиш 73 бода
- Рената Наумовска ООУ „Свети Кирил и Методиј“ Македонска Каменица 71 бода
- Јана Палиќ ООУ „Стив Наумов“ Скопје 68 бода
- Стојан Велковиќ ОУ „Страшо Пинџур“ Неготино 64 бода
- Верица Добраџиева ООУ ,,Климент Охридски“ с. Миравци – Гевгелија 58 бода
- Ирина Стеваноска ООУ ,,Блаже Конески” – Прилеп 58 бода
- Вера Петкова ОУ „Илинден“ – Крива Паланка 55 бода
- Бојана Костовска ООУ„Ванчо Китанов“ – Пехчево 52 бода
- Катерина Брковска ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ Скопје 49 бода
- Климентина Џамбазовска ОУ „Браќа Миладиновци“ – с. Жван – Демир Хисар 49 бода
Со оглед на тоа дека двајцата први натпреварувачи имаа ист број на поени – 101, се пристапи кон усно одговарање на прашања. Може да се каже дека и двајцата натпреварувачи се ноесеа рамноправно се до поставувањето на петтото прашање, по кое натпреварувачот Игор Стојков ѝ пружи рака на натпреварувачката Миа Дарковска и ѝ честита за освоеното прво место. Според тоа на прво место е натпреварувачката Миа Дарковска од ОУ „Елпида Караманди“ од Битола, второто место му припадна на Игор Стојков од ООУ „Тодор Јанев“ – с. Чашка – Велес и третото место и припадна на Милена Николовска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Ресен.