Се одржа 19. Републички натпревар Млади библиотекари
На 16.11.2018 година се одржа 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Домот на културата „Илинден“ во градот-домаќин Демир Хисар. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија. Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова (претседател), Соња Велјановска (член), Билјана Аџиовска-Пранџарова (член), Златко Бошевски (член) и Драгана Коцева (член и претставник од присутните ментори на учесниците) ги прегледаа тестовите и утврдија дека на:
- прво место е Борче Исакоси од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид (со освоени 119 поени одвкупно 120 поени);
- второ место е Трајче Манчевски од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица (со освоени 117 поени) и
- третото место го освои Сања Георгиева од ООУ „Никола Карев“ – Радовиш со освоени 116 поени.
Честитки за наградените и за сите учесници на овој натпревар. Голема благодарност до учениците, нивните ментори и колегите библиотекари, а посебна благодарност му упатуваме на овогодинешниот домаќин за приемот и пригодниот ручек.