Се одржа 20. Републички натпревар Млади библиотекари
На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова (претседател), Маја Трајковиќ (член), Душанка Трпевска (член), Билјана Аџиовска-Панџарова (член од домаќинот) и Елизабета Коцева (член и претставник од присутните ментори на учесниците), ги прегледаа тестовите и утврдија дека:
- Прво место е Ана-Марија од ООУ „Ј.Х.Песталоци“ – Скопје под менторство на Ана Георгиева и Зорица Патарова (со освоени 108 поени од вкупно 120 поени);
- Второ место е Стефанија Цветановска од ОУ „Славко Лумбарковски“, с. Новаци – Битола под менторство на Даниела Ристевска (со освоени 106 поени) и
- Трето место е Едис Еминоски од ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп под менторство на Панде Николоска (со освоени 104 поени).
Честитки за наградените и за сите учесници на овој натпревар. Голема благодарност до учениците, нивните ментори и колегите библиотекари, а посебна благодарност до директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Сузана Данаилова којашто како овогодинешен домаќин на натпреварот овозможи пријатен прием и одлична организација.