Дневна архива: ноември 17, 2006

7. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Радовиш, 2006

Во организација на Библиотекарското друштво на Македонија, на 17 ноември 2006 година, во Радовиш, беше одржан седмиот по ред Републички натпревар „Млади библиотекари”. На натпреварот учествуваа триесетина натпреварувачи од повеќе градови во Републиката, победници на претходно одржаните Општински натпревари. Претседателот на Комисијата за спроведување на натпреварот ги запозна кандидатите со правилата за полагање на...