Се одржа 21. Републички натпревар Млади библиотекари

На 20 мај 2022 година во просториите на НУУБ „Григор Прличев“ – Охрид се одржа 21. Републички натпревар Млади библиотекари. На натреварот учество зедоа 20 ученици од 19 основни училишта ширум државата.

Комисијата во состав: Андријана Апостоловска, Лили Бошевска и Сабије Мустафа како и член од домаќинот и член од менторите, го спроведоа тестирањето и по прегледаните тестови ги објавија следниве резултати:

  • Првото место го освои Исидора Николоска од ОУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.
  • Второто место припадна на Тијана Стојменова од ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село, Струмица.
  • Третото место припадна на Ива Додевска, ученичка од ООУ „Христијан Карпош“ од Куманово.

За првите три места, покрај диплома, имаше подарок книги како и ваучери добиени како донација од Нептун, а останатите учесници и нивните ментори добија подарок книги и дипломи.

Им честитаме и им се заблагодаруваме на добитниците и на сите коишто зедоа учество на овој натпревар.

Се гледаме повторно следната година!

ИО на БЗМ

Можеби ќе ви се допадне...