3. Mеѓународна научна конференција на библиотекари

Во организација на Библиотекарско здружение на Македонија, на 27 и 28 април 2023 год. во Охрид, се одржа 3. Mеѓународна научна конференција на библиотекари во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

На неа учествуваа излагачи од земјава и регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија итн.), а како почесни гости и излагачи беа директорот на Националната и универзитетска библиотека на Боснa и Херцеговина, Исмет Овчина и заменик-директорката на Унгарската национална библиотека, Judit Gerencsèr.

Конференцијата беше отворена со поздравна презентација на Претседателката на Меѓународната асоцијација на библиотекарски здруженија – ИФЛА, Барбара Лисон. Потоа претседателката на здружението, Јана Михајловска, додели благодарници за директорот на НУ НУБ „Св. Климент Охридски“, Рахметула Куќи, на претставникот од Министерството за култура и на директорот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид,  Милчо Јованоски, за поддршката на Конференцијата и библиотекарството воопшто.

Како Библиотекарско здружение на Македонија, им се заблагодаруваме на сите наши колеги и колешки библиотекари, кои со своите трудови и презентации ја збогатија оваа меѓународна конференција.

Спонзори

Можеби ќе ви се допадне...