ПРОМОЦИЈА – Упатство за нормативна контрола на лични имиња на автори

На 3. Mеѓународна научна конференција на библиотекари, што се одржа на 27 и 28 април 2023 год. во Охрид, беше промовирана публикацијата “Упатство за нормативна контрола на лични имиња на автори” од авторките Валентина Дојчиновска-Илиоска и Јелисавета Костадинова.

Промотор беше Јелена Петровска, која истакна дека овој прирачник е многу значаен за библиотекарската пракса во нашата држава и е плод на долгогодишната работа во библиотечниот систем COBISS и резултат на реализираниот проект за организирање на работилници за „Нормативна контрола на личните имиња на авторите“, кој регионално се одржа во повеќе градови низ Македонија. Користењето на овој прирачник во голема мера ќе ја смени моменталната ситуација на разноликост на записите и ќе утврди единствен и унифициран систем. Каталогизаторите мора да ги следат истите правила и забелешки за употребата на дефинициите на предметите при креирање на сложени дефиниции за предмети со што би се постигнала поголема економичност, проток и поврзување на податоци. При тоа создавањето квалитетна обработка на записи, доследност на каталогот, перманентната едукација на каталогизаторите во обработката и правилната примена на работните процедури при обработката на личните имиња на авторите, придонесуваат за квалитетна и современа размена на податоци во библиотечната средина.

“Упатство за нормативна контрола на лични имиња на автори” може да се нарача на официјалните контакти на Здружението (тел. 072234424 и e-mail: bzmnunub@gmail.com) по цена од 250 ден.