КОНКУРС за доделување на наградата „Климентова повелбa за животно дело“ за 2022 година

Наградата ја доделува Библиотекарското здружение на Македонија – Скопје за особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Република Северна Македонија врз основа на Статутот на БЗМ и Правилникот за доделување на наградата. ИO на БЗМ по предлог на Комисијата за доделување на наградата распишува Конкурс со следните услови:

Општи услови

  • Возрасната граница на кандидатите да е најмалку 60 години;
  • Кандидатите да имаат најмалку 20 години работно искуство во библиотечната дејност.

Посебни услови

  • Писмени препораки од најмалку двајца библиотекари-советници;
  • Професионална биографија со приложени докази за особени резултати од пошироко значење за развојот и афирмацијата на библиотечната дејност во Република Северна Македонија;
  • Список на објавени научни и стручни трудови;
  • Да не е член на Комисијата или ИО на БЗМ.

Наградата се состои од повелба и паричен износ чија висина ја определува ИО на БЗМ и се доделува на библиотекари кои се членови на БЗМ од сите видови библиотеки во Република Северна Македонија.

Пријавата и задолжителната документација се доставуваат во затворен плик најдоцна до 25.11.2022 година на следната адреса:

Библиотекарско здружение на Македонија – Скопје
(до Комисија за доделување на наградата „Климентова повелбa за животно дело“)
Бул. Гоце Делчев, бр. 6, 1000 Скопје

и на мејл адресата на Здружението bzmnunub@gmail.com

Пријавите што ќе пристигнат по определениот рок или се со некомплетна документација нема да бидат разгледувани од Комисијата.

ИО на БЗМ

Можеби ќе ви се допадне...