Се одржа 52. Собрание на БЗМ
Почитувани членки,
Ве известуваме дека на 8 октомври 2024 година, со почеток во 10:30 часот, во просториите на НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа Собранието на Библиотекарското здружение на РС Македонија.
На ова собрание официјално се отпочна со работа по новиот Статут на здружението (донесен на 13.2.2024 година и одобрен од Централнот регистар на 21.5.2024 година), со што беше направен значаен чекор кон подобрување на организацијата и функционирањето на здружението. Присутните членови активно учествуваа во дискусиите, при што беа донесени важни одлуки за натамошното дејствување на БЗМ.
Им се заблагодаруваме на сите коишто присуствуваа и придонесоа за успешно одржување на Собранието.