Автор: БЗМ

Нов Статут на Здружението – 2024 година

На 51. Собрание на БЗМ одржано на 13.02.2024 година, се изгласа новиот Статут на Здружението. Истиот е веќе објавен на веб-страницата на следниов линк. Благодарност до сите колеги кои учествуваа во неговата подготовка и гласање. Со почит, ИО на БЗМ д-р Јана Михајловска Претседател на ИО на БЗМ

Проект ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“

Проектот ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“, е одобрен од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес во културата за 2024 година, а носител на овој проект е Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија. Проектот беше остварување на книжевни интерактивни работилници во пет града во Република Северна Македонија со ученици...

Меѓународна конференција на библиотекари 2024

На 16 и на 17 мај се одржа 4. меѓународна конференција на библиотекари насловена како „Примената на вештачката интелигенција во библиотекарството: предизвици и можности“. Оваа конференција, е во целост поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2024 година.   Оваа година се заокружија 75 години од основањето на...

Северна Македонија, дел од Светската мапа на библиотеки на ИФЛА

Северна Македонија e дел од Светската мапа на библиотеки на ИФЛА. Во прилог е врската https://librarymap.ifla.org/datacontrib…/North%20Macedonia. Меѓународната федерација на библиотечни здруженија и институции (IFLA) стои како светилник на соработка и иновации во рамките на глобалната библиотечна и информативна заедница. Со богата историја која опфаќа речиси еден век, ИФЛА служи како обединувачка сила, поврзувајќи ги...

Реализиран проектот „Аудиокнигите достапни до читателите“ – Библиотека Гоце Делчев, Велес

Во медијатеката на библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес, се одржа работилница на тема „Аудиокнигите достапни до читателите“, проект на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес во соработка со Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија, поддржано од Министерството за култура на РСМ. Предавачи за темата, важноста и начинот на набавка и стручниот внес и обработка на...

Републички натпревар Млади библиотекари 2024

На 21.5.2024 година со почеток во 11.00 часот, ќе се одржи Републичкиот натпревар Млади библиотекари. Домаќин на натпреварот е Библиотеката ,,Тане Георгиевски” – Куманово.

Четврта меѓународна конференција на библиотекари „Примената на вештачката интелигенција во библиотекарството: предизвици и можности“

На 16-17 мај, во Дојран, Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија организира Меѓународна конференција „Примената на вештачката интелигенција во библиотекарството: предизвици и можности“. Оваа година БЗМ слави и 75 години од неговото постоење. Подолу може да ја видите програмата:

Иницијатива за поттикнување на љубовта кон читањето кај децата

Вовед Во светлината на последните резултати од тестирањето на PISA (Programme for International Student Assessment), кои покажаа поразителни резултати во Македонија во поглед на читањето со разбирање, станува јасно дека постои потреба за посветување на посебно внимание кон поттикнување на желбата за читање кај децата. Читањето не е само вештина, туку клучен елемент во...

Повик за избор на работни тела за изготвување на акти што произлегуваат од новиот Статут на БЗМ

Почитувани, За потребата од изготвување на акти што произлегуваат од новиот Статут на Здружението, отвораме Повик за пријавување на кандидати коишто ќе се вклучат во работни тела за горенаведената потреба. Повикот трае 15 дена од неговото објавување на веб-страницата на БЗМ. Ве молиме вашето пријавување заедно со ваша биографија (со вклучено искуство во изготвување...