Проект ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“
Проектот ,,Мост меѓу генерациите е љубовта кон книгата“, е одобрен од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес во културата за 2024 година, а носител на овој проект е Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија. Проектот беше остварување на книжевни интерактивни работилници во пет града во Република Северна Македонија со ученици од основните училишта, но беа одржани во јавните простори на јавните и градските библиотеки, како и во центрите за култура.
Работилниците беа поврзани со читање и пишување. Моќта на библиотерапевтските работилници беше да можат учениците да развијат емпатија, да побараат сочувство, утеха и поддршка како и да поттикнат самореализација на сопствените капацитети, да ја ублажат агресивноста и да ја раскажат својата повлеченост.
Со ваков облик на најзначајната медиумска писменост за читање се сочувува менталното здравје, се создава афинитет за формирање на вкусови на разни жанрови на книги, се приспособува на комуникација, бидејќи со прекумерната употреба на мобилни телефони и компјутери се доведува до неангажираност на умот и фантазијата кај децата.
Работилниците се одржаа во Центар за култура ,,Билјана Беличанец“- Кисела Вода -Скопје, Центар за култура – Градска библиотека – Гостивар, ЈОУ Библиотека ,,Искра“ – Кочани, ООУ,,Никола Карев“ – Кочани, НУ Библиотека ,,Григор Прличев“ – Oхрид и НУ Универзитетска библиотека ,,Свети Климент Охридски“ – Битола.
Сите учесници беа сертифицирани од Библиотекарското здружение на Република Северна Македонија, поточно беа доделени сертификати на сто и шеесет (160) учесници.