Втор форум на библиотечната унија во Градска библиотека


Д-р Јана Михајловска, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија и Јелисавета Костадинова, в.д. директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје присуствуваа на првиот и на вториот ден на меѓународната конференција „Втор форум на библиотечната унија на земјите од Источна и Југоисточна Европа и Кина” во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, којшто се одржа на 13 и 14 октомври 2021 г.

На вториот ден од Форумот свое обраќање имаше претседателот на БЗМ, Јана Михајловска, на кое ги презентираше историјатот и активностите на Библиотекарското здружение на Македонија.

Можеби ќе ви се допадне...