Доделени признанијата за Библиотека на годината за 2023 година

Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, во состав: Иво Митев, Елмедина Абдулахи, Бети Лазеска-Симоноска, Билјана Аџиовска-Панџарова и Јана Михајловска, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени со Пријавите, по објавениот јавен повик, и врз основа на исполнување на критериумите на највисоко ниво оваа година; НУУБ „Кочо Рацин“ – Тетово, Библиотеката при ООУ „Ј.Х. Песталоци“ во Скопје и Библиотеката при Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, заедно да го понесат признанието „Библиотека на годината“ за 2023 година. Честитки!!!

Благодарност до сите библиотеки коишто се јавија на повикот! БЗМ за нив ќе подготви Благодарници за пријавата на повикот и добрата работа!

Доделувањето на признанијата и благодарниците беше на 7 декември 2023 година (четврток) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а по повод нејзиниот патронен празник.

 

Можеби ќе ви се допадне...