ИЗВЕСТУВАЊЕ за наградата „Климентова повелба за животно дело“
Почитувани членки на БЗМ,
До 1 февруари 2022 година беше рокот за поднесување предлог измени за Правилникот за доделување на Климентова повелба за животно дело. До БЗМ дојдоа 3 предлози од наши почитувани библиотекари, кои ги испративме до сите членки на БЗМ, заедно со Правилникот за доделување на наградата „Климентова повелба за животно дело“ и Измените од „Комисијата за измени и дополнувања на Правилникот за доделување на наградата Климентова повелба за животно дело“.
Ве замолуваме да ги разгледате и на следното продолжение на состанокот на БЗМ да имаме плодна дискусија.
Со почит,
ИО на БЗМ