Се изгласа новиот Статут на Здружението
На вчерашното Собрание на БЗМ коешто се одржа во Центарот за конференции и студии во НУ НУБ „Св. Климент Охридски”- Скопје со почеток во 11 часот, со еден воздржан и останатите за, се изгласа новиот Статут на Здружението којшто по постапката во Централниот регистар ќе биде објавен на оваа веб-страница. За изработката на овој статут се заслужни членовите на работната група: Наум Ѓоршовски, Јовица Никчевски и Јелена Петровска. Благодарност колеги.
Со почит,
ИО на БЗМ
д-р Јана Михајловска
Претседател на ИО на БЗМ