Библиотекарско здружение на Република Северна Македонија

Се одржа 21. Републички натпревар Млади библиотекари

На 20 мај 2022 година во просториите на НУУБ „Григор Прличев“ – Охрид се одржа 21. Републички натпревар Млади библиотекари. На натреварот учество зедоа 20 ученици од 19 основни училишта ширум државата. Комисијата во состав: Андријана Апостоловска, Лили Бошевска и Сабије Мустафа како и член од домаќинот и член од менторите, го спроведоа тестирањето...

Датум на одржување на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“

Почитувани членки на БЗМ, Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 20 мај 2022 година (петок) во НУБ „Григор Прличев“ – Охрид со почеток од 12.00 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за наградата „Климентова повелба за животно дело“

Почитувани членки на БЗМ, До 1 февруари 2022 година беше рокот за поднесување предлог измени за Правилникот за доделување на Климентова повелба за животно дело. До БЗМ дојдоа 3 предлози од наши почитувани библиотекари, кои ги испративме до сите членки на БЗМ, заедно со Правилникот за доделување на наградата „Климентова повелба за животно дело“...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за 48-годишното собрание на БЗМ

Почитувани членки на Библиотекарското здружение на Македонија!!! Конференцијата и 48-годишното собрание на БЗМ се одржа на 21.12.2021 година со почеток од 9:30 часот, on–line на платформата zoom. Уште еднаш докажавме дека по одржаната Конференција излегоа и допрва ќе произлезат плодни дискусии, како и прашања коишто ќе придонесат за идни средби од значење за библиотекарството...

Доделување на признанието „Библиотека на годината“ за 2021

Почитувани, Комисијата за доделување на признанието „Библиотека на годината“, работејќи според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“ заклучија дека врз основа на материјалите и содржините доставени со Пријавите, по објавениот јавен повик, и...

Втор форум на библиотечната унија во Градска библиотека

Д-р Јана Михајловска, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија и Јелисавета Костадинова, в.д. директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје присуствуваа на првиот и на вториот ден на меѓународната конференција „Втор форум на библиотечната унија на земјите од Источна и Југоисточна Европа и Кина” во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје,...

Се одржа 20. Републички натпревар Млади библиотекари

На 15.11.2019 година се одржа 20. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 28 учесници од основните училишта на Република Северна Македонија. Петчлената комисија во состав: Јелисавета Костадинова (претседател), Маја Трајковиќ (член), Душанка Трпевска (член), Билјана Аџиовска-Панџарова (член од домаќинот) и Елизабета Коцева...

Се одржа 19. Републички натпревар Млади библиотекари

На 16.11.2018 година се одржа 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Домот на културата „Илинден“ во градот-домаќин Демир Хисар. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија. Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова (претседател), Соња Велјановска (член), Билјана Аџиовска-Пранџарова (член), Златко Бошевски (член) и Драгана Коцева (член и...